Услови и правила

Ве молиме внимателно да ги прочитате условите и правилата на web-аптеката пред нејзино користење. Доколку се СОГАСУВАТЕ со општите услови и правила за користење на www.apteka.com.mk слободно пристапете и продолжете со работа, доколку НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ве молиме не пристапувајте на web страницата.

1.    Општи правила и услови за корисеше на www.apteka.com.mk

Купувачот ги разбира и ги прифаќа правилата дека услугите и информациите на web страницата се приложуваат такви какви што се. За да се користи www.apteka.com.mk купувачот мора да има пристап до интернет дирекно или преку некој друг уред кој има пристап до интернет. www.apteka.com.mk не презема никаква одговоронст за нарушувањата или техничките  проблеми (предизвикани од електронските апарати на корисникот) кој ја попречува употребата на web страницата

2.    Одговорност на корисникот при регистрирање

Кога се користи web страницата корисникот е должен да обезбеди точни, прецизни лични информации кога ќе пополнува формулар за регистрација. Доколку се дадат погрешни информации, лажни или нецелосни www.apteka.com.mk го задржува правото за нивно поништување и бришење. Сите дадени податоци се заштитени со закон и можат да се прочитат во политика на приватност.

3.    Купување на производ од www.apteka.com.mk

Купувачот има можност за купување производ од големиот асортиман на www.apteka.com.mk. Кога се прави нарачка купувачот може да одбере продукт и количина според можностите на web страницата, исто така може да го смени производот во било кое време ПРЕД да го реализира плаќањето однсно нарачката.

4.    Плаќање на производот

Сите цени во оваа web-аптека се конечни на денот на нарачката и во нив веќе е вклучен ДДВ. Сите цени се изразени во денари

5.    Според законот за лекови и медицински помагала (Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година)
„Се забранува промет преку Интернет со лекови кои се издаваат на рецепт, каков било промет со фалсификувани лекови, како и промет со лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани. Директорот на Агенцијата го пропишува начинот на идентификација на фалсификуваните лекови, нивното отстранување од промет, информирањето на надлежните институции и медицински центри и нивното уништување.“