Avene YsthéAL Emulsion

1,560ден

Истеал емулзија за нормална и комбинирана кожа.

Количина:

SKU:AVEN10925. Categories: , .

Опис

YsthéAL Emulsion – истеал емулзија за нормална и комбинирана кожа.
Индикации: Превенција и корекција на појавата на видливи знаци на стреење од физиолошки причини или индуцирани од сонцето.
Својства: Стареењето на кожата настанува од два фактора: забавување на метаболизмот на кожните клетки и оштетување на ткивото што ја поддржува кожата од слободни радикали (оксиди-рачки агенси). YSTHEAL+ емулзијата, последна генерација на третмани против стареење, содржи комбинација на две ексклузивни, патентирани активни состојќи.
– Ретиналдехид С.Т., најефикасната форма на витаминот А, има двоен ефект против стареењето. Преку физиолошки реакции се трансформира во активен витамин А, во зависност од потребите на кожата и истовремено делува и длабоко во неа, зголемувајќи го клеточниот метаболизам, и на површината овозможувајќи добивање на блескав тен.
– Пре-токоферил кој, физиолошки се трансформира во токоферил, што претставува еден моќен антиоксидант. Овој дифундира низ потпорните ткива на кожата и помага во нивното обновување, а овозможува и заштита од слободните радикали. YSTHEAL+ емулзијата има потполн ефект против стреењето, што е докажано со многу научни студии: делува така што ги израмнува ситните брчки, со што се намалува збрчканиот изглед, тенот станува блескав, се намалува млитавоста. Идеална за нормална и комбинирана кожа, овозможува чист и мат изглед.
Упатство за употреба: Се нанесува секој ден навечер. Кај многу осетлива кожа во почетокот на третманот се нанесува секој втор ден.