Avene YsthéAL Crème

1,560ден

Истеал крем против стареење. Третман против брчки, тонифицира, дава сјај за сува кожа.

Количина:

SKU:AVEN10920. Categories: , .

Опис

YsthéAL Crème – истеал крем против стареење. Третман против брчки, тонифицира, дава сјај за сува кожа.
Индикации: Превенција и корекција на појавата на видливи знаци на стреење од физиолошки причини или индуцирани од сонцето.
Својства: Стареењето на кожата настанува од два фактора:
– Забавување на метаболизмот на кожните клетки.
– Оштетување на ткивото што ја поддржува кожата од слободни радикали (оксидирачки агенси). Овој крем е последна генерација на третмани против стареење, содржи комбинација на две ексклузивни, патентирани активни состојки.
– Ретиналдехид С.Т., најефикасната форма на витаминот А, има двоен ефект против стареењето. Преку физиолошки реакции се трансформира во активен витамин А, во зависност од потребите на кожата и истовремено делува и длабоко во неа, зголемувајќи го клеточниот метаболизам, и на површината, овозможувајќи добивање на блескав тен. -Пре-токоферил кој, физиолошки се трансформира во токоферил, што претставува еден моќен антиоксидант. Овој минува низ потпорните ткива на кожата и помага во нивното обновување, а овозможува и заштита од слободните радикали. Има потполн ефект против стреењето, што е докажано со многу научни студии: делува така што ги израмнува ситните брчки, со што се намалува збрчканиот изглед, тенот станува блескав, се намалува млитавоста. Идеален за сува и многу сува кожа, остава пријатно чувство и чувство на мекост.
Упатство за употреба: Се нанесува секој ден навечер или наутро. Кај многу осетлива кожа во почетокот на третманот се нанесува секој втор ден.