XeraCalm A.D Crème relipidante

1,140ден

XeraCalm A.D Crème за чувствителна, сува, многу сува и атопична кожа.

Количина:

Опис

XeraCalm A.D Crème relipidante за чувствителна, сува, многу сува и атопична кожа. За сите возрасти.
Индикации: Крем за надокнадување на мастите, специфично формулиран за сите умерено до екстренмо суви кожи кај новороденчињата, децата и возрасните:
– Кожи склони кон атопичен дерматит
– Кожи склони кон иритации, црвенило и чешање предизвикано од сува кожа.
– Природно сува кожа.
Карактеристики: Формулата за КсераКалм кремот е создадена со користење на минимум состојќи, селектирани заради нивната ефикасност и нештетност:
– И-модулиа® комплексот е резултат на 12 годишен научен развој на Пиер Фабр Истражувачкиот Центар. Претставува есенцијален дел на активните супстанции од микрофлората која ја има во Авен термалната изворска вода. По нивната идентификација, овие активни супстанции се развиени во нашиот центар за биотехнологија, каде се мултиплицирани и е потенцирано нивното анти-воспалително и смирувачко дејство. И-модулиа® го намалува чешањето предизвикано од сувоста на кожата и ги смирува иритацијата и црвенилото предизвикани од хиперреактивноста на кожата.
– ЦЕР-ОМЕГА липидите кои ги имитираат оние во кожата, помагаат во обновувањето, хранењето и зајакнувањето на заштитниот филм, обезбедувајќи и на кожата подобрена отпорност кон надворешните штетни влијанија.
– Авен термална извосрска вода со нејзините смирувачки, анти-воспалителни ефекти, го намалува непријатното чувство и ја омекнува кожата.
Оваа формулација е од генерацијата на „Стерилна козметика“ и ги комбинира „Високо технолошките“ активни состојќи со Авен термалната изворска вода и не содржи апсолутно никакви парфеми, алкохоли или обојувачи: затоа кожата е смирена, со пријатно чувство и омекната во комплетна безбедност. 0% парфеми, 0% парабен, 0% конзерванси, 0% алкохол.
Упатство за употреба: Се нанесува 1-2 пати на ден на сувите места на кожата на лицето и/или телото, по миење со КсераКалм маслото за чистење. По нанесувањето на кожата, отстранете го вишокот крем и затворете го шишето.
Само за надворешна употреба.