Avene Sun Crème SPF 50+ teintée

1,050ден

Тониран крем со ултра висока заштита SPF 50+ за чувствителна кожа

Количина:

SKU:AVEN13122. Categories: , .

Опис

Sun Crème SPF 50+ teintée- тониран крем со ултра висока заштита SPF 50+ за чувствителна кожа, водоотпорен-хипоалергичен.
Корисните ефекти на сонцето се многубројни. Во секој случај, сончевите зраци може да бидат штетни и да предизвикаат мали (црвенило) или поголеми (рани на кожата) негативни ефекти. После повеќе изложувања, овие оштетувачки ефекти се зголемуваат, а со тоа се зголемуваат и штетните последици. Затоа е неопходно да ја заштитите вашата кожа со адаптирана заштита на вашиот тип на кожа и степенот на сончево зрачење. Тонираниот крем 50+ е специјално направен за осетливи кожи и кожи со светол тен и предиспозиции за сончеви изгоретини, кожи кои мора постепено да потемнуваат и, воопшто за сите типови на кожи кога се изложуваат на сонце за време на интензивно сончево зрачење.
Базиран на MPI-SORB кој нуди заштита од UVA и UVB зраци (максимална абсорпција на спектарот), комбинира патентирани минерални филтри (M.P.I**) со TINOSORBтмМ+S. Овој фотостабилен Тониран Крем 50+ за ултра висока заштита исто така содржи прекурзор на витамин Е, анти-оксидансот пре-токоферил, кој помага во зајакнувањето на кожната бариера. Богат со Авен Термална Изворска Вода, со нејзините смирувачки и анти-иритирачки дејства, Лесно се нанесува на лицето и брзо се впива, и поради тоа е вистинско задоволство да се користи.
Упатство за употреба: Пред изложување на сонце, да се нанесе средството на деловите на телото изложени на сончевото зрачење. Никогаш не се изложувајте на сонце многу долго време дури и ако сте заштитени со средство за заштита. Повторувајте го нанесувањето на средството често, посебно после пливање или продолжени периоди на изложеност. Избегнувајте изложеност на сонце помеѓу 12:00 и 16:00 часот. Изгоретините од сонце се опасни, посебно кај деца.