Squanorm sèches

760ден

Скванорм шампон против сув првут помага во елимирањето на повторното појавување на симптомите на првут.

Количина:

Опис

Squanorm sèches шампон против сув првут помага во елимирањето на повторното појавување на симптомите на првут. Активна состојка: Selenium disulfide, Ichthyol
Карактеристики: Благодарение на Селен дисулфидот во микронизирана форма, моќна активна состојка против првут која ефикасно дејствува врз предизвикувачот на сув првут (Malessezia или слична габа), Селегел шампонот брзо го отстранува незгодниот првут и врши превенција од повторно појавување. Исто така содржи Ихтиол, анти-иритант кој делува смирувачки на другите симптоми поврзани со првутoт.
Индикации: Селегел шампонот помага во елимирањето на повторното појавување на симптомите на првут.
Начин на употреба: Нанесете од шампонот на влажна коса, нежно масирајќи и потоа измијте го. Повторете ја постапката оставајќи го на косата три минути. Измијте го темелно. За најдобри резултати употебувајте го два пати неделно во период од шест недели.
Совет: Се препорачува да се употребува со Ducray Extra Doux шампонот, чија што формула е специјално дизајнирана за одржување на позитивните резултати од третманот.
Предупредување: Содржи Селен дисулфид! Само за надворешна употреба. Држете понастрана од дофат на децата! Не употребувајте го на оштетена кожа! Избегнувајте контакт со очите! Ако влезе во око, темелно исперете го со вода! Во случај на иритација или проголтување, побарајте помош од лекар. Тестиран од дерматолози!