СЕНТИС

280ден

Сентис е традиционален хербален лек кој се употребува за привремено олеснување на симптомите на умерена…

Количина:

Опис

30 Меки желатински капсули кои содржат Валеријана

Активна супстанција – 200 mg екстракт од корен од Валеријана (Valeriana Officinalis)

Кој треба да го употребува СЕНТИС:

Нервозни луѓе
Луѓе кои патат од несоница
Луѓе со немирен сон
Секојдневно вознемирени луѓе

Зошто е потребен СЕНТИС

Сентис е традиционален хербален лек кој се употребува за привремено олеснување на симптомите на умерена анксиозност (нервоза) и го помага заспивањето при несоница. Индикациите се базираат врз традиционалната употреба на коренот од Valeriana Officinalis. Активната супстанција е екстракт кој се добива од суви подземни делови од растението (ризоми и корени). Познато е дека екстрактот од валеријана има седативно дејство и ги релаксира мускулите. Валеријаната претставува најдобриот природен седатив и помошник за подобар сон во последните 2000 години.

Како лек за несоница, валеријаната:

Го скратува времето потребно да се заспие.

Ги намалува ноќните будења.

Не предизвикува утрински мамурлак кој може да се манифестира кај употребата на синтетските лекови за спиење.

Предизвикува нервна и мускулна релаксираност, па може да ублажи менструални грчеви и промени на расположението.

Истражувањата индицираат дека компонентите во валеријаната делуваат на истите рецептори како седативите, но со поблаг ефект и не предизвикуваат зависност.

СЕНТИС се употребува за:

Лечење на несоница: СЕНТИС е хербален лек кој помага при несоница. Особено е добар за луѓе кај кои сонот е нарушен од секојдневните проблеми. Исто така помага кај оние со лесен сон т.е. оние кои лесно се будат од сонот.

Намалување на анксиозноста (нервозата).

„Топење“ на тензијата и стресот – Стресот убива и тоа неможе да се демантира. Тој се акумулира во мозокот и така влијае на сите телесни системи. Наречен е „топачот на стрес“ и со регуларна доза на СЕНТИС може да се помогне при разни ситуации од главоболки до опстипација, со оглед на тоа дека дури и опстипацијата може да биде физичка манифестација на психолошка напнатост.