NeuroForte ® HealthAid

800ден

Neuroforte® содржи есенцијални хранливи состојки како аминокиселини, витамини, минерали и антиоксиданси…

Количина:

Опис

Нервниот систем и мозокот дејствуваат како систем на телото кој дава комуникациски одговор, координирајќи ги пораките кои стигаат и оние кои се испраќаат низ целото тело. Здравиот нервен систем ни овозможува да воспоставуваме хармонија и баланс на сите сетила. Важен фактор за здрав нервен систем е соодветен бaланс на мозочните невротрансмитери (хемиски супстанци кои пренесуваат информации од една нервна клетка до друга) како допаминот, ГАБА (гама амино бутeрната киселина) и серотонинот. Сите неврони комуницираат со другите нервни клетки или клетките на телото преку електрични импулси. Нешто го стимулира невронот, кој потоа пренесува порака до друг неврон, создавајќи каскаден циклус на невронска активност.

Невроните имаат потреба за енергија од хранливите материи кои се наоѓаат во крвта, како гликоза и кислород кои постојано се обновуваат за невроните да можат да продолжат добро да функционираат.

Неколку важни хранливи материи се неопходни за да се снабдат хемикалиите кои се одговорни за формирањето на мозочните невротрансмитери, со што се помага балансирањето на мозочната хемија. Кога се земаат секојдневно, суплементите со одредени аминокиселини, витамини и минерали, антиоксиданси и растенија, ни помагаат да се чувствуваат поурамнотежено и добро во целост.

Антиоксидансите се најважните материи кои спречуваат или ги поправаат штетите на деловите од клетките.

Антиоксидансите се агенси кои се сметаат за важни во третирањето на невролошките заболувања кај луѓето.

Нашиот мозок создава огромен број на слободни радикали, а овие антиоксиданси ги неутрализираат слободните радикали и ги штитат невроните во нашиот мозок со тоа што крвните садови се одржуваат флексибилни и отворени, па со тоа е обезбеден протокот на хранливите материи во мозокот.

NeuroForte® од HealthAid® ги содржи овие антиоксиданси, особено витаминот Ц. Neuroforte® од HealthAid® содржи есенцијални хранливи состојки како аминокиселини, витамини, минерали и антиоксиданси кои помагаат да се одржи нервниот систем и даваат чувство на бaланс и добросостојба.