Avene Lotion nettoyante pour peaux intolérantes

740ден

Екстремно благ лосион за чистење, без плакнење, се отстранува само со туфер.

Количина:

Опис

Lotion nettoyante pour peaux intolérantes – екстремно благ лосион за чистење, без плакнење, се отстранува само со туфер.
2 во 1, за чувствителна, иритирана и кожа склона на алергиски реакции.
Индикации: Средство за отстранување на шминка и чистење на лице и очи. Наменет за кожа која е природно многу осетлива или оштетена од надворешни влијанија (иритации, исушувачки дерматолошки или козметички третмани, претерано чистење, екстремни климатски услови: ладно, сонце…).
Својства: Ова средство за чистење не мора да се плакне и одговара на потребите и на најосетливата кожа.
– Содржи висок процент на Avène термална изворска вода (96%), која има смирувачки ефект и антииритирачки својства, брзо го смирува воспалението.
– Неговите природни и многу благи агенси за чистење овозможуваат беспрекорно чистење/отстранување на шминката, истовремено избегнувајќи додатни иритации, кои можат да бидат предизвикани од плакнењето со вода.
Ова средство е специјално создадено, со користење на што помал број супстанции. Не содржи никакви потенцијални иритирачки супстанции, како на пример конзерванс парабен, парфеми или средства за боење. Претставува многу течно, немасно, освежувачко средство за чистење, кое ја прави кожата беспрекорно чиста, остава пријатно чувство, без да ја исушува.
Упатство за употреба: Се нанесува наутро и навечер со памучен туфер или на врвовите на прстите, притоа масирајќи со лесни кружни движења.Се отстранува со памукче, без триење. Доколку е потребно постапката се повторува. Плакнењето со вода не е потребно. За најдобри резултати, чистењето завршете го со Avene термална изворска вода во спреј и КРЕМ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА КОЖАТА.