Livercare HealthAid

890ден

Livercare® таблетите се специјално формулирани користејќи растенија кои имаат детоксикациско дејство како…

Количина:

SKU:livercare. Category: .

Опис

Livercare таблетите се специјално формулирани користејќи растенија кои имаат детоксикациско дејство како млечен осот, глуварче, куркумин и артичока. Липотропните фактори како метионин, холин и инозитол исто така се вклучени за да го одржат здравјето на црниот дроб и општата благосостојба. Оригинален суплемент за прочистување за мажи и за жени.

Црниот дроб е вториот рган по големина (после кожата) и најголема жлезда о човековото тело. Во него се изведуваат бројни функции, а најголемата е преработка на хранливите материи и меѓупроизводите од варењето на храната. Поконкретно, црниот дроб е вклучен во производството на жолчката која има улога во разложувањето на мастите како и во метаболизмот на храната и алкохолот и во отстранување на токсините од телото. Црниот дроб е главниот орган за детоксикација одговорен за чистење на организмот од целиот неред и злоупотребата на супстанци – како што е злоупотреба на алкохол, екстремно стресниот животен стил, секојдневна консумација на готова храна итн.- кои му ги даваме на организмот од време на време. Можноста за детоксикација на овие штетни хемикалии е главен фактор во постигнување на добро здравје. Кога системот за детоксикација станува преоптоварен, токсините се акумулираат и ние стануваме прогресивно се послаби и поранливи. Црниот дроб поседува извонредна можност да се регенерира , но преоптоварен токсичен црн дроб не може да одговори на тие барања и почнува да испраќа сигнали на телото (изнемоштеност, хроничен замор, секојдневни перзистентни главоболки итн.) за итно дејствување. Долгорочната злоупотреба на алкохол, инфекција или изложување на различни хемикалии или лекови може да доведе до оштетување на црниот дроб. Поконкретно, скоро целиот внесен алкохол се метаболизира во црниот дроб и поради тоа прекумерната употреба на алкохол може да доведе до акутна и хронична црнодробна болест, како масен црн дроб (стеатоза), хепатитис или цироза. Па поради ова круцијално е да се има силен и здрав црн дроб и да се одржува за здраво функционирање на телото и за добро целокупно здравје. Млечниот осет е едно од најпроучуваните растенија денеска кое помага да се подобри и да се зајакне црниот дроб преку превенција од исцрпување и една од есенцијалните состојки во процесот на детоксикација. Исто така преставува моќен антиоксиданс и делува директно на ѕидот на црниот дроб преку стимулација на регенерацијата на нови црнодробни клетки кои ги заменуваат старите и оштетени клетки. Глуварчето е растение кое го зголемува производството и течението на жолчката (помош во варењето на храната) и делува како природен диуретик и на тој начин му помага на дигестивниот систем и на бубрезите да се отстрани воспалението и акумулацијата на токсичниот отпад. Куркумин и артичока се моќни антиоксиданси кои помагаат во намалување на инфламацијата и помагаат во превенцијата од оштетување на клетките во црниот дроб. Жолтата шипка ја помага секрецијата на жолчката, го штити уринарниот тракт и помага во редукцијата на натрупување на токсини во црниот дроб. Конечно, аминокиселините и липотропните фактори обезбедуваат заштита преку превенција од акумулација на маснотии во црниот дроб и помагаат во елиминација на токсините од црниот дроб.

За кого се наменети Livercare® таблетите?

Од Livercare® таблетите имаат полза:

Луѓе кои редовно консумираат големи количини на алкохол
Луѓе кои редовно јадат брза храна и кои немаат здрава избалансирана исхрана
Луѓе кои се чувствуваат навистина лошо и исцрпено после неколку дневна злоупотреба на алкохол и цигари
Луѓе кои сакаат да го исчистат и детоксицираат нивниот црн дроб.