КАНОИЛ 7% CBD маслото од коноп

2,390ден

Позитивните ефекти при употреба на КАНОИЛ 7% маслото од коноп се манифестираат и при…

Количина:

Опис

Упатство за пациентот за КАНОИЛ 7% CBD маслото од коноп / марихуана / канабис

КАНОИЛ 7% CBD 10ml
(500 mg CBD* / 10ml масло)

– Пред употреба на производот внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас.
– Овој производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребен совет од лекар. Меѓутоа и покрај тоа, КАНОИЛ 7% маслото од коноп треба да го употребувате претпазливо (внимателно) за да ви биде што може повеќе од корист.
– Советувајте се со вашиот лекар или фармацевт ако ви се потребни дополнителни информации.

  1. Што претставува и за што се употребува граничниот производ КАНОИЛ 7% масло од коноп и за што се употребува.
    Каноил 7% маслото е маслен екстракт од растението канабис или коноп (марихуана), што е едногодишно тревасто растение. Маслениот екстракт е со докажано отсуство на пестициди и хербициди во производот. Екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што обезбедува највисок квалитет на маслениот екстракт.
    КАНОИЛ 7% маслото од коноп содржи канабиониди, пред се’ CBD* (Cannabidiol), но и CBN (Cnnabinon), CBG (Cannabigerol) и нивните карбоксилни соединенија.
    Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и предизвикуваат имунодулаторен ефект (го подобруваат имунолошкиот систем).
    КАНОИЛ 7% маслото од коноп може да содржи терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, E, F), пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни во изградбата на клетките, метаболните процеси, одржување на функцијата на многу системи и целосно подобрување на општата здравствена состојба.
    КАНОИЛ 7% маслото од коноп не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) и THCA (9-delta tetrahydrocannabinolic acid) или ги содржи во незначителна количина под 0,2%.
    КАНОИЛ 7% маслото од коноп може да помогне на организмиот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст.
    КАНОИЛ 7% маслото од коноп не претставува замена за стандардната пропишена терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.
    Позитивните ефекти при употреба на КАНОИЛ 7% маслото од коноп се манифестираат и при:
    – Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми:
    – Се корист против гадење и повраќање, посебно за време на хемотерапија кај малигните заболувања, помага во одржување на билансот на цревната флора;
    – Ублажува состојби на болка од различно потекло, заради неговото противвоспалително дејство.
    Може да се употребнува и при превенција од кардиоваскуларни болести – помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето, делува кардиопротективно, може да помогне во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, може да помогне во релугирање на  покачена концентрацијата на гликоза во крвта.
  2. Податоци кои треба да се знаат пред да се употреби КАНОИЛ 7% маслото од коноп
    Немојте да го земате / употребувате КАНОИЛ 7%
    CBD маслото од коноп:
    – ако сте пречувствителен на која било состојка на маслото;
    – ако сте бремени или доите;
    – ако сте земале алкохол или недозволени супстанции.

    Не се познати состојби, болести или земање на други лекови кај кои КАНОИЛ треба внимателно да се применува.Влијание врз психофизичките способности
    КАНОИЛ 7% маслото од коноп нема психотропно дејство и не се очекува да има влијание врз способноста за управување со превозно средство, ракување со машини или извршување на тешки и небезбедни работни задачи. И покрај тоа, поради тоа што нема доволно податоци, не се препорачува вршање на овие активности за време на употребата на КАНОИЛ 7% маслото од коноп.
    Важни информации за некои состојки на КАНОИЛ 7% маслото од коноп
    Нема податоци за неподносливост на било која од состојките на КАНОИЛ
    Земање / употреба на други медицински производи
    Не се познати ефектите на други лекови врз КАНОИЛ 7% маслото од коноп.
    КАНОИЛ 7% маслото од коноп не смее да се зема истовремено со алкохол или недозволени супстанции.
  3. Податоци за правилна употреба на КАНОИЛ 7% маслото од коноп
    КАНОИЛ 7% маслото од коноп се зема со капнување под јазик. Пред употреба треба добро да се протресе.
    Кај возрасни КАНОИЛ 7% маслото од коноп се употребува 2 пати на ден.
    Се капнува 5 капки на под јазикот и се задржуваат околу 60 секунди пред да се голтне.
    Не треба да се надминува препорачаната дневна доза. Кај деца до 14 години КАНОИЛ 7% маслото од коноп се употребува еднаш дневно. Се капнува 2-3 капки под јазикот и се задржуваат 60 секунди пред да се голтне. По препорака на лекар дозата може да се зголеми. КАНОИЛ 7% маслото од коноп е погодно за дијабетичари и популација на вегетаријанска исхрана.
  4. Податоци за можни несакани дејства на граничниот производ КАНОИЛ 7% маслото од коноп
    Не се познати несакани дејства на КАНОИЛ 7% маслото од коноп. Доколку се појават знаци на пречувствителност, престанете со употреба на КАНОИЛ 7% маслото од коноп!
  5. Податоци за чување на КАНОИЛ 7% маслото од коноп
    КАНОИЛ 7% маслото од коноп чувајте го на места недостапни за деца. Рок на употреба на маслото е 12 месеци. Датумот на истекот на рокот на употреба на КАНОИЛ 7% маслото од коноп е означено на пакувањето.
    КАНОИЛ 7% маслото од коноп не смее да се употребува по истекот на рокот на употреба! КАНОИЛ 7% маслото од коноп треба да се чува заштитено од директна светлина, топлина и влага. По отварањето да се чува во фриждер. Да не се замрзнува!
  6. Дополнителни податоци за КАНОИЛ 7% маслото од коноп
    Што содржи КАНОИЛ 7% маслото од коноп?
    КАНОИЛ 7% масло 10ml содржи:
    – CBD (Cannabidiol екстахиран од растението Cannabi) 500 mg.
    – Extra Virgin ладно цедено маслиново масло до 10ml.
    Како изгледа КАНОИЛ 7% маслото од коноп и големина на пакување?
    КАНОИЛ 7% маслото од коноп е темно стаклено шишенце од 10ml со капалка и внатрешно упатство, картонска кутија.
    Носител на одобрението за ставање на КАНОИЛ 7% CBD маслото од коноп во промет
    РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
    ул. Козле 188, 1000 Скопје, Р. Македонија
    Производител на КАНОИЛ 7% маслото од коноп РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
    ул. Козле 188, 1000 Скопје, Р. Македонија

Број на датум на упис во регистарот на гранични производи
11-5637/2 од 09.06.2016 година.