Hair-vit ® HealthAid

785ден

Hair-vit® – витамини и минерали за коса. Косата е неживо ткиво кое воглавно е создадено од фиброзен протеин наречен…

Количина:

Опис

Hair-vit® – витамини и минерали за коса.
Косата е неживо ткиво кое воглавно е создадено од фиброзен протеин наречен кератин (кој се наоѓа во ноктите и горниот слој на кожата). На косата и се потребни хранливи материи кои ги потхрануваат фоликулите на скалпот од каде што расте нова коса.

Елементите кои се наоѓаат во трагови, минералите, витамините и амино киселините и се потребни за да се одржува изгледот на косата, нејзината дебелина и целосниот здрав изглед, може да се добијат од урамнотежена диета или со суплементи. Губењето на косата (алопеција) е огромен проблем и кај мажите и кај жените. Кај мажите, примарни фактори на алопеција се наследниот фактор, хормонален дисбаланс, ниво на стрес и возраст. Кај жените, алопецијата вообичаено не е толку силна како кај мажите, и вообичаено се јавува по породување, по менопауза или по периоди на огромен стрес.

Вообичаени фактори кои придонесуваат кон губењето на коса се акутни болести, операција, хемотерапија, кожни болести, стрес и вознемиреност, ненадејно губење на тежина, недостаток на железо (анемија), дијабетес, болест на тироидната жлезда, бременост, недостаток на витамини и минерали и жени кои патат од ќелавост како кај мажи или хормонални промени.