Exomega Huile Nettoyante

690ден

Ексомега маслена купка, без сапун, со Омега-6 за лице и тело, чисти и смирува.

Количина:

Опис

Exomega Huile Nettoyante – eксомега маслена купка, без сапун, со Омега-6 за лице и тело, чисти и смирува.
Индикации: Атопичен дерматит, екзема, многу сува кожа кај бебиња-деца-возрасни.
Својства: Купка за туширање или растварање во када, без сапун и специјално направена за многу суви и атопични кожи кај бебиња, деца и возрасни. Ја снабдува кожата со состојки кои и се потребни (екстракт од Rhealba® овес, есенцијални Омега-6 масни киселини, навлажнувачки и подмачкувачки состојки) за смирување и компензација на сувоста, со што ја прави мека и нежна на допир.
– Нежно ја чисти кожата, дури и во случаи на тврда вода.
– Ја намалува сувоста на кожата.
– Ја смирува кожата.
Состав: Rhealba® овес екстракт 1%; Омега-6 0,1%.
Упатство за употреба: При туширање, разнесете го нежно масирајќи на влажна кожа. Измијте и исушете без триење.
Во када, додадете мала количина во водата. Посленежно измијте го остатокот и исушете ја кожата. При многу суви кожи, нанесете емолиентен третман Ексомега крем.
Rhealba® овес од А-ДЕРМА: Избран заради неговите смирувачки и не-иритирачки карактеристики, пред и над повеќе од 80 различни вида, овој овес се одгледува под строго контролирани услови. Неговите екстракти, карактеризирани со нивната екстремна чистота, ги прават А-ДЕРМА производите целосно безбедни за употреба и го осигуруваат нивниот константен квалитет и ефикасност. Токму заради ова, производите на А-ДЕРМА се првиот избор на дерматолозите и педијатрите.