CUROPROX CS 5460 ortho

270ден

CUROPROX CS 5460 orth – Специјална четка со 5460 меки, атрауматски CUREN® влакна со V засек.

Количина:

Опис

Никогаш премногу меко – никогаш премногу тврдо.
Кога станува збор за користењето на четка за заби, Вашите заби и непца претставуваат една единка, исто како и Вие. Ова е причината поради која се развиени Curaprox Sensitive четките за заби.

Сите четки за заби CURAPROX имаат мала глава, со компактно вметнати влакненца. Станува збор за густо распоредени, меки и атрауматски влакненца, изработени од посебен материјал- CUREN®, кој допринесува влакненцата да ја задржат својата цврстина и во влажна средина. Влакната се доволно фини и меки, така да достигнуваат до сулкусот помеѓу забот и непцето без да го трауматизираат. Доволен е само лесен притисок при четкањето, за темелно да го исчистиме работ на гингивата. Бројот означен на четката CURAPROX покажува колку влакненца содржи самата четка. Колку ги има повеќе тие се пофини и потенки.

CS 5460 ortho

Специјална четка со 5460 меки, атрауматски CUREN® влакна со V засек. Оваа четка за заби на средината има вдлабнатина – V засек, посебно изработена за чистење на брикетите и лакот од фиксните ортодонтски апарати: 5460-те CUREN® влакна ги чистат Вашите протези, заби и непца нежно и внимателно. 5460 CUREN ® влакна, 0,10 mm Ø.