CURAPROX CS 1560 soft

260ден

Единствена и нежна четка со 1560 меки, атрауматски CUREN® влакна кои имаат дебелина од 0,15мм Ø.

Количина:

Опис

Никогаш премногу меко – никогаш премногу тврдо.
Кога станува збор за користењето на четка за заби, Вашите заби и непца претставуваат една единка, исто како и Вие. Ова е причината поради која се развиени Curaprox Sensitive четките за заби.

Сите четки за заби CURAPROX имаат мала глава, со компактно вметнати влакненца. Станува збор за густо распоредени, меки и атрауматски влакненца, изработени од посебен материјал- CUREN®, кој допринесува влакненцата да ја задржат својата цврстина и во влажна средина. Влакната се доволно фини и меки, така да достигнуваат до сулкусот помеѓу забот и непцето без да го трауматизираат. Доволен е само лесен притисок при четкањето, за темелно да го исчистиме работ на гингивата. Бројот означен на четката CURAPROX покажува колку влакненца содржи самата четка. Колку ги има повеќе тие се пофини и потенки.

CS 1560 soft

Единствена и нежна четка со 1560 меки, атрауматски CUREN® влакна кои имаат дебелина од 0,15мм Ø.

Идеална за тие што се навикнати да користат тврди четки за заби. Со помош на CS 1560 четката за заби, овие лица ќе можат полесно да се адаптираат на користење меки четки за заби.