Кафетин КОЛД Макс

250ден

Кафетин Колд Макс се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и грип главоболка…

Количина:

Опис

Кафетин Колд Макс претставува комбиниран препарат кој содржи две активни супстанции, парацетамол и фенилефрин.
Употреба:
Кафетин Колд Макс се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и грип (главоболка, болка во мускулите, болка во грлото, назална конгестија, зголемена телесна температура).
Парацетамолот ја ублажува болката и ја намалува телесната температура. Фенилефринот пак ја намалува назалната конгестија, со што овозможува проодност во носот и во дишните патишта.
Состав: Парацетамол 1000 mg и Фенилефрин хидрохлорид 12,2 mg (еквивалентен на 10 mg фенилефрин, база).
Помошни супстанции: сахароза, аскорбинска киселина, лимонска киселина, натриум цитрат, аспартам, сахарин натриум, колоиден силициум диоксид, безводен, арома на лимон.
Дозирање: Препорачана дневна доза е од 1-4 кесички. Интервалот помеѓу одделни дози треба да биде најмалку 4 часа. Mаксимална дневна доза е 4 кесички.