Bromelain

1,350ден

Bromelain 2400 GDU/g 500 mg е протеолитички ензим добиен од стеблото на ананас, кој има протеински дигестивни својства.

Количина:

Опис

Bromelain 2400 GDU/g 500 mg е протеолитички ензим добиен од стеблото на ананас, кој има протеински дигестивни својства. Кога се зема со храна, бромелаинот може да помогне да се подржи здрава дигестија. Кога се зема помеѓу оброци, тоа може да ви помогне да ги поддржи зглобовите и може да помогне да се намали привремено болката која е поврзана со прекумерна употреба на мускулите. Бромелаинот е создаден од страна на природата за поддршка на правилна гастроинтестинална функција и, исто така, може да помогне да се промовира удобноста на мускулите и зглобовите.

  • Природен протеолитички ензим
  • Поддржува здрава дигестија
  • Поддршка на зглобовите
  • Вегетеријански/Веган производ.
Состав 1 капсула
Bromelain (2400 GDU/g) (од ананас) 500 mg

GDU: Gelatin Digesting Units – мерка за протеолитички (протеинска дигестивна) активност.

Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете земете 1 капсула дневно со или помеѓу оброци.

Други додатоци: целулоза (капсула), оризово брашно, магнезиум стеарат (растителен извор) и силика. Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови (особено анти-тромбоцитни лекови) или имате некаква медицинска состојба. Не го користете доколку имате алергија на ананас. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

Повеќе информации:

Бромелаин е еден од најпознатите биоактивни ензими и е предмет на постојани истражувања низ целиот свет.

Бромелаин е протеин присутен во стеблото и сокот од ананас. Овој природен ензим и припаѓа на групата на протеолитички ензими. Протеолитичките ензими главно се користат од страна на луѓе кои страдаат од синдром на малапсорпција, синдром на недоволна апсорпција на едноставните хранливи материи од храната (амино киселини, масти, витамини или едноставни шеќери) во цревата. Бромелаинот ја помага дигестијата (варењето) на внесената храна, го стимулира разградувањето на протеините и ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи од храната. Се смета дека бромелаинот е биолошки најактивен од сите дигестивни ензими, и за разлика од други дигестивни ензими лесно и во големи количини се апсорбира во организмот. Како силен анти-воспалителен агент, бромелаин драматично го намалува постоперативниот оток, помага при третманот и опоравувањето од мали повреди, особено изметување (исчашување) и деформации, повреди на мускулите и значително ја намалува болката и чувствителноста кои ги придружуваат спортските повреди.

Бромелаинот го зајакнува имунитетот и го зголемува бројот на белите крвни зрнца. Бромелаинот се користи и како анти-воспалително и аналгетско средство. Се користи по операции за побрзо заздравување на рани, при спортски повреди, дигестивни проблеми, синузитис, за третман на апсцес (гноен чир), контузии, хематоми, исчашувања и улцерација.