Betadine вагитории

155ден

Бетадине вагиториите се индицирани за симптоматско ублажување на вагиналната надразнетост, чешање и осетливост.

Количина:

Опис

Состав

1 вагиторија содржи 200 mg povidone-iodine еквивалентен на 20 mg расположлив јод.

Фармацевтска форма

раствор

Дејство

Бетадине вагиториите како активен принцип содржат повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, каде што поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот. Во допир со слузокожата јодот полека се ослободува од комплексот и пројавува силно антимикробно и бактерицидно (грам-позитивни и грам-негативни бактерии), вируцидно, фунгицидно (Candida аlbicans) и протозоицидно (Trihomonas vaginalis) дејство.

Индикации

Бетадине вагиториите се индицирани за симптоматско ублажување на вагиналната надразнетост, чешање и осетливост (неспецифичен вагинитис), вагинитис заради мешана инфекција, вагинитис предизвикан од Candida albicans и Trihomonas vaginalis.

Пакување

Кутија со 14 вагитории од 200 mg