Avene Crème minérale SPF 50+

1,050ден

100% Минерален Крем со SPF 50+ за ултра висока заштита на нетолерантна кожа.

Количина:

SKU:AVEN13025 20%. Categories: , .

Опис

Crème minérale 50+ SPF за ултра висока заштита на нетолерантна кожа, без хемиски филтри, без мирис, водоотпорен-хипоалериген некомедоген.
Корисните ефекти од сонцето се многубројни. Но, посебно кога е во тек (или претходи) орален или локален медицински третман, сончевите зраци можат да бидат штетни и да резултираат со фотоосетливост. Кога изложените делови се оставени незаштитени, се појавуваат кафеави пеги, посебно за време на бременост.
Многу често изложувањето на сонце може да предизвика мали (црвенило) или многу негативни (оштетувања на кожата) ефекти. Сето тоа води до предвремено стареење на кожата.
Затоа е неопходно да ја заштитите вашата кожа со адаптирана заштита на вашиот тип на кожа и степенот на сончево зрачење. Кремот 50 за многу висока заштита без хемиски филтри и парфем, специјално е адаптиран за заштита на: – кожа која е нетолерантна за хемиски филтри и парфеми; – Иритирана кожа; – Деца (децата не треба да бидат изложени на сонце); – Пред и / или после дерматолошка интервенција;
Базиран на ексклузивна асоцијација на патентирани активни состојки:
1. Микронизирани и обложени минерални филтри од природно потекло (M.P.I**) кои овозможуваат:
-многу висока заштита од (UVB, UVA)
-подолготрајна заштита благодарение на фото- стабилноста и отпорност на вода и пот.
2. Пре-токоферол, фотостабилен токоферол (витамин Е) прекурзор, е главен анти-оксиданс кој.
-го надокнадува губењето на вит.Е предизвикано од UV-зраците, со цел да се бори против негативниот ефект на слободните радикали, зајакнувајки ја кожната бариера.
Богат со Авен Термална Изворска Вода, со нејзините смирувачки и анти-иритирачки дејства.
Упатство за употреба: Пред изложување на сонце, да се намачка средството на деловите на телото изложени на сончевото зрачење. Никогаш не се изложувајте на сонце многу долго време дури и ако сте заштитени со средство за заштита. Повторувајте го мачкањето на средството често, посебно после пливање или продолжени периоди на изложеност. Избегнувајте изложеност на сонце помеѓу 12:00 и 16:00 часот. Изгоретините од сонце се опасни, посебно кај деца.