Кафетин КОЛД плус

130ден

Caffetin Cold plus се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и грип (главоболка, болка во мускулите, болка во грлото…

Количина:

Опис

Состав

Paracetamol 500 mg
Pseudoephedrine hydrochloride 30 mg
Dextromethorphan hydrobromide 15 mg
Ascorbic acid 60 mg (комбинација од природен и од синтетски витамин Ц)

Фармацевтска форма

Филм-обложени таблета

Дејство

Caffetin Cold plus претставува комбиниран препарат којшто содржи повеќе активни супстанции. Парацетамолот ја ублажува болката и ја намалува телесната тампература. Псевдоефедринот ја намалува назалната конгестија овозможувајќи проодност во носот и во дишните патишта. Декстрометорфанот, пак, ја ублажува кашлицата предизвикана од слаба иритација на грлото и на дишните патишта. Витаминот Ц го поттикнува имунолошкиот систем.

Индикации

Caffetin Cold plus се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и грип (главоболка, болка во мускулите, болка во грлото, назална конгестија, зголемена телесна температура, кашлица).

Пакување

10 таблети